Шпанија
Сите го чекаат неговото деби: Арда продолжи да воодушевува на тренинзите на Реал (Видео)

Арда Ѓулер се уште го чека своето деби за Реал Мадрид и изминатиот викенд сепак не доби шанса за настап, бидејќи Карло Анчелоти реши да не го става во „оган“ во ситуација кога малото дерби со Рајо Валјекано испадна доста тензично.
„Кралевите“ вечерва играат против Брага и постојат големи шанси сепак да добие одредена минутажа, а фановите на Реал се повеќе го бараат на тоа преку социјалните мрежи по новото видео кое се појави на социјалните мрежи.
Младиот Турчин веќе во неколку наврати ја покажа својата класа пред очите на Карло Анчелоти и неговите помошници, но за неговите квалитети зборуваа и соиграчите.
Лука Модриќ беше најсигурен во своите прогнози и најави дека Ѓулер со години ќе ги радува навивачите на Реал, а неговата техника не изостанала и на последниот тренинг пред мечот со Брага.
Потезите од една акција посебно станаа вирални на социјалните мрежи, каде во дадениот случај доста лошо поминаа Валверде и Алаба.
Easy ✨ pic.twitter.com/6afsVNvvgQ
— Arda Guler Xtra 🇹🇷 (@ArdaGulerXTra) November 7, 2023
Crack 🔜 pic.twitter.com/alN69TpgxN
— 𝑨𝒓𝒅𝒂 𝑮𝒖̈𝒍𝒆𝒓 ® (@ArdaGuler10__) November 8, 2023
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него