Поврзете се со нас

Италија

Сите фанови на италијанските фудбалски клубови поканети на првото издание на „Ден на италијанскиот спорт“

Објавено

на

Италијанската амбасада во Скопје утре (29. септември) ќе организира спортски хепенинг на стадионот „АРМ“ во Скопје, а повод е првото издание на одбележувањето на „Денот на италијанскиот спорт“ во Македонија.

Настанот започнува во 11 часот со обраќање на италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и македонскиот министер за спорт, Борко Ристовски, по што на програмата ќе следуваат предвидените ревијални натпревари во женска и машка конкуренција, како и турнир во мал фудбал меѓу екипите од неколку фан клубови на италијански клубови во нашата земја.

Фудбалот очекувано е во фокусот во првото издание на овој настан посветен на италијанскиот спорт во светот, па организаторот очекува големо присуство на фановите на италијанските клубови, како и вљубеници во најпопуларната глобална игра кои утре ќе бидат дел од одличната атмосфера во Градскиот парк во Скопје.

На настанот ќе биде претставено и новоформираното здружение на македонски фан клубови на италијанските фудбалски екипи „Навивачи Калчо Триколоре“, во кое претставници ќе имаат сите официјални фан клубови во Македонија.

На фудбалската програма се дуели на јуниорската машка и женска екипа на Брера од Струмица, Џиџи од Скопје (девојчиња) и Работнички од Скопје (момчиња), како и турнир во мал фудбал помеѓу фан клубовите на италијанските екипи присутни во земјава.

Сите присутни ќе можат да уживаат и во гастрономски специјалитети од италијанската кујна на штандовите кои ќе бидат дел од ова случување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни