Поврзете се со нас

Македонија

Сисе ќе води битка под кошевите за Феникс (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010 го претстави и второто засилување за натпреварувачката 2024/2025, засилување од Соединетите Американски Држави.

Ново име во скопскиот тим е 24-годишниот Адам Сисе за кого ова ќе биде прво искуство на стариот континент. Тој беше дел од Мејн и Менхетен, минатата сезона на 30 средби во НЦАА лигата имаше просек од 3.7 поени, 4.0 скокови и 1.4 блокови по натпревар.

Претходно Феникс го обезбеди потписот на Мајлс Браун, а договорот беше продолжен со центарот Благој Димитриев.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни