Сирил Думулан: Сакам да бидам како Лазаров, каде да потпишам?

kiro

Голманот на Нант, Сирил Думулан (35), стигна до прекрасен јубилеј од 3.000 регистрирани одбрани, па му беше укажана чест со интервју за францускиот вебсјат „Maville”, но во голем дел од него тој зборуваше и за нашиот Кире Лазаров.

Думулан освен за својата кариера, се осврна и на мечот Нант – Шамбери, кој што заврши со гол во 60-тата минута на нашиот интернационалец. Думулан е одушевен од Лазаров и од неговиот пристап кон ракометот, но и спортот. Францускиот голман напомена дека нашиот репрезентативец е пример за искуство и карактер кај еден играч, па и дека покрај своите 39 години, Кире физички е во врвна форма.

– Кирил, тоа е искуството. Тој доживеел такви ситуации, можеби 15 или 20 пати. Можеби не биле сите успешни, но знае како да се справи. Исто така знае дека последиците не се добри. Во таквите моменти, чиниш животот ти зависи од тоа. Но, тоа е само ракометен натпревар. Дури и да утнеш, ова не е место за победа што ја бркаш во некое финале,- објаснува Думулан.

Думулан вели дека и тој би потпишал да биде како него кога ќе стигне на негова возраст.

– Кирил е дете на 39-годишна возраст, навистина е пасиониран. Доаѓа на тренинг да се забавува, физички е врвно подготвен. Се познава себе си, си ги знае физичките лимити, се справува со себе, не ризикува. Ако можам да бидам добар како него на 39 години, веднаш би потпишал. Потоа, тој има некаква форма на невиност, едноствно си игра со раката. Можеби затоа е добар шутер. Дури и кога шутира, тој игра со голманот, со просторот, навистина е комплетен играч,- дополнува Французинот кој открива дека Кире бил мошне скромен по триумфот над Шамбери.

 

 

Facebook Коментари