Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Сипковски го одигра последниот „мастерс“ од државното првенство и се повлече како шампион!

Објавено

на

Последниот „мастерс“ во билијард за 2022 година се одигра викендов со учество од преку 50 играчи поделени во „А“ и „Б“ дивизија.

Во просториите на „Гран Клуб“ се одигра прекрасното финале во кое младиот Христо Василевски, кој се почесто им „ги расипува сметките“ на фаворитите се обиде да стигне до триумф, но овој пат најдобар беше Александар Бошески. Со делбата на третото место меѓу Дарко Ацески и Дејан Сипковски воедно беше дадена и конечниот пласман во најквалитетната дивизија: државен шампион повторно е Дејан Сипковски, додека зад него на табелата се Дарко Ацески и Флорим Мемеди.

Дане Крстевски од Струмица е победник во конкуренција на 35 учесници во „Б“ лигата, кои претставуваа десет различни градови, што е несомнен показател за проширеноста и прифатеноста на билијардот. Во финалото на турнирот на кој што се играше дисциплината „десетка“, тој го совлада Зоран Цоневски од Делчево. Како третопласирани се двете најпозитивни „изненадувања“, младинецот Андреј Ѓурчиновски и прилепчанецот Владимир Ѓоргиевски кој беше вистинска инспирација за сите демонстирајќи високо ниво на игра и љубов за истата и покрај физичкиот хендикеп.

Најдобрите четири играчи од сезонава напредуваат во „А“ дивизијата, а тоа се: Златко Ицановски, Теодор Најденов, Никола Димески и Мики Тодоров. Бидејќи од „А“ дивизијата се повлече долгогодишниот „број 1“ играч, Дејан Сипковски, кој е нов претседател на Билијард федерацијата, како петтопласиран во елитното друштво влегува 12-годишната надеж, Андреј Ѓурчиновски.

Сето ова навестува дека идната сезона во најквалитетната лига ќе има нови играчи кои ќе внесат свежина и ќе најават смена на генерациите.

До крајот на оваа сезона ќе се организира и јуниорско првенство, а во декември и екипен шампионат.

 

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни