Синот на славен одбојкар се удави во Хрватска

Luca-Marcos-Milinkovic

Голема трагедија се случи во семејството на прославениот аргентински одбојкар Маркос Милинкович, чиј малолетен син вчера го загубил животот додека бил на одмор на островот Брач во Хрватска.

Лука се удавил на 13-годишна возраст, а иако на плажата имало и медицински лица, откако бил извадено телото, тие не успеале да му го спасат животот. Момчето било на одмор заедно со својата мајка и сестра, но во тие моменти бил сам на плажата, а полицијата не утврдила знаци на насилство.

Неговиот татко Маркос е еден од најголемите аргентински играчи на сите времиња, има МВП трофеј на Светско првенство и освоено Лига на шампиони со Сисли, а малиот Лука реши да тргне по неговите стапки и во моментот беше член на младинскиот тим на Војводина.

Facebook Коментари