Синот на Шекил ,,гази” на кошаркарските терени, но сред натпревар заработи сериозна повреда (Видео)

Sharif Onil

Синот на Шекил О’Нил, Шариф О’Нил тргна по стапките на татко му. Тој има 17 години, висок е 206 cm и игра на позицијата крило. Неговите игри ги импресионираа и скаутите на НБА и нема да биде чудно ако во наредните години го видиме на НБА драфтот. Но, една непријатна случка можно е да ги променат неговите животни планови. На еден натпревар во средното школо за кое настапува, се здоби со повреда, која ги уплаши и навивачите во салата. О’Нил, кој дотогаш имаше постигнато 31 поен, на доскок по топката, лошо падна, директно на глава, се повреди и беше во бесознание по што мораше да биде префрлен во болница.

Facebook Коментари