Синот на Сетиен: Што е ова, татко ми ќе го тренира Меси? Кога го видов вчера…

Laro-Quique Setien

Кике Сетиен неочекувано доби можност да го води гигантот од Каталонија, тимот на Барселона, а тоа дефинитивно беше големо изненадување како за него така и за неговите најблиски.

Самиот Кике на својата промоција искрено призна дека ниту во најлудите соништа не можел да замисли дека ќе ја води Барса, а пак сега за оваа нова ситуација во семејството Сетиен проговори неговиот син Ларо кој игра за Сант Андреу.

-Преку социјалните медиуми видов дека мојот татко се поврзува со Барселона. Играв Фортнајт со другарите кога татко ми ми се јави и ми кажа дека потпишал за Барселона. Не знам дали сонувал, ама тоа го сакаше, сигурен сум во тоа. Ова е голема радост за мојот татко, -истакна Ларо кој додаде:

-Што е ова, татко ми ќе го тренира Меси. Го видов вчера на тренинг и се излигавив. Како дете навивав за Реал, ама тогаш бев многу мал. Кога Меси излезе почнав да играм со Барселона (видео игри). Тој го тренира најдобриот на светот, една од најдобрите екипи на светот. Сите на светот ги знаат Меси, Суарез и останатите, -заврши Ларо.

Facebook Коментари