Синот на Роналдо шокиран од куќата во која живеел неговиот татко

ronaldo-kievo1

Кристијано Роналдо откри дека го одвел својот син Кристијано џуниор во Лисабон за да му ја покаже куќата во која живеел во моментите кога ја започнувал кариерата во дресот на Спортинг.

Роналдо живеел со својот пријател Мигел, откако го напуштил својот дом во Мадеира на 12-годишна возраст, а неговиот 9-годишен син бил шокиран од условите на локацијата.

– Бев многу емотивен затоа што сакав да види каде сум пораснал. Дојде со мене, а таму беа истите луѓе кои живееја и во мое време, тоа не го очекував и реално ме трогна малку повеќе, – вели Роналдо.

– Кога влеговме во куќата, мојот син се сврте кон мене и ме праша: Тука ли си живеел?, не можеше да поверува. Тие мислат дека се во животот се постигнува лесно, квалитетот на живеење, куќите, автомобилите, облеката… Тоа е нешто што се обидувам да го научам син ми, му пренесувам дека не е доволно да имаш само талент, но со многу работа може да се постигнат важни работи, – изјавил Португалецот.

Facebook Коментари