Поврзете се со нас

Свет

Синот на Марадона со потресна посвета до својот сакан татко (Видео)

Објавено

на

Денеска навршува точно една година од траорниот 25-ти ноември, денот кога аргентинските новинари со шок и со солзи во очите ја пренсоа веста за смртта на Диего Армандо Марадона.

Фудбалскиот бесмртник од Аргентина почина во својот дом на 60-годишна возраст минатата година, а точно 12 месеци подоцна, спортската јавност се потсетува на неверојатниот виртуоз.

Наполи му посвети неколку објави на големиот Дон Диего, а навистина емотивно обраќање имаше неговиот син, Диего Марадона Јуниор.

– Можеш да дојде овде долу барем на една минута, да ме прегрнеш и да се насмееме. Имам да ти кажам толку многу работи, да испееме песни заедно и да ги гледаме натпреварите на Наполи.

– Татко, мина една година откако си замина. Летај високо онака како што знаеше. Те сакам и многу ми недостасуваш, – порача синот на Марадона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни