Свет
Синот на Марадона: Меси ме расплака, Барселона треба да ја повлече „десетката“

И понатаму има реакции за смртта на Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот кој минатата недела почина во неговиот дом во Буенос Аирес.
Многу фудбалски работници, негови соиграчи, пријатели, познаници се јавија со коментар, но во таа група е и дел од неговото семејство кое се обиде да проговори за него во овие тешки моменти. Меѓу последните кои се огласи е еден од синовите, Диего Армандо Марадона Синагра кој е роден во Неапол во 1986 година.
Тој смета дека сите клубови во кои Марадона настапувал мора да го повлечат дресот со бројот десет.
-Во екипите каде што играл, тоа ја вклучува и Барселона. Немам никаков сомнеж, -истакна Синагра.
Воедно синот на Марадона го искоментира потегот на Лионел Меси по голот против Осасуна кога му оддаде почит на сонародникот, но и тите такви моменти во изминативе денови.
-Тоа многу ме трогна. Ова беа емотивни денови. Тоа што го направи Меси беше посебно, убаво. Ме допре, ме распалка. Исто и на Наполи, триумфот на Химназија, тоа што се случи со Бока каде што беше Далма…Многу беа емотивни, -заклучи Синагра кој е плод на врската на Марадона со Кристина Синагра.

- Германијапред 12 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 11 час
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 16 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 13 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 11 час
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 9 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме