Поврзете се со нас

Свет

Синот на Карагер ќе дебитира за репрезентацијата на Малта

Објавено

на

Почетокот на новиот квалификациски циклус ќе донесе сериозно засилување за репрезентацијата на Малта, која првпат му испрати повик на синот на легендарниот Џејми Карагер.

22-годишниот Џејмс Карагер е фудбалер на англискиот третолигаш Виган и решил да ја прифати понудата од островската земја, која ќе биде засилена на стоперската позиција, истата на која настапуваше и неговиот татко.

Џејмс доби малтешки пасош благодарение на неговиот дедо и со ова има можност да настапува во национален тим, нешто што очигледно ќе му беше тешко достапна опција во англиската репрезентација.

Малта во петок ја пречекува Финска во првиот натпревар од мундијалските квалификации, а неколку дена подоцна ќе има тешко гостување во Полска.

Новиот селектор Емилио Де Лео покрај на Карагер, во овој циклус ќе смета на уште еден фудбалер кој неодамна доби пасош, а тоа е Илјас Шуареф, членот на швајцарскиот прволигаш Сион.

Самиот Де Лео дојде на функцијата во јануари, а на италијанската фудбалска сцена е познат како долгогодишен најблизок соработник на починатиот Синиша Михајловиќ, со кого работеше во неколку клубови и во српската репрезентација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни