Италија
Синот на Ибрахимовиќ дебитираше со два гола во дресот на Милан (Видео)
Примавера тимот на Милан денеска ја започна сезоната со убедлива победа против Удинезе (0:4), а одлично деби во дресот на „росонерите“ имаше синот на Златан Ибрахимовиќ.
Максимилијан летово стана член на младинската академија на Милан и тргна по стапките на славниот татко, кој ја заврши кариерата токму како напаѓач на составот од Милано, за во меѓувреме да прифати и важна директорско-советничка функција во истиот клуб.
Фановите на Милан денеска можат да бидат задоволни од начинот на кој Максимилијан ја отвори својата етапа во Милан, бидејќи постигна два од четирите гола на својата екипа.
За да биде поинтересно, Златан својот последен гол пред да замине во пензија го постигна токму против Удинезе.
Maximilian Ibrahimovic scores the first Goal for the Milan Primavera this Season vs Udinese Primavera to make it 1-0pic.twitter.com/WHkc5ft6bW
— ꜱᴄᴏᴜᴛ7ᴄᴀʟᴄɪᴏ (@Scout7Calcio) August 17, 2024
Maximilian Ibrahimović scores again with a beautiful Volley from outside the box to make it 3-0 for Milan Primaverapic.twitter.com/sBZfKviO8h
— ꜱᴄᴏᴜᴛ7ᴄᴀʟᴄɪᴏ (@Scout7Calcio) August 17, 2024
-
Балканпред 20 часа
Сите проблеми се забораваат кога се игра дерби: Хајдук го сруши Динамо на „Максимир“ (ВИДЕО)
-
Италијапред 22 часа
Дида за Фонсека и Ибрахимовиќ: Потребно му е време на тренерот, Златан…
-
Балканпред 10 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Балканпред 22 часа
Првенче во новата кампања: Алими стрелаше во победата на Сепси (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Мота импресиониран од една ѕвезда на Јувентус: Кога доаѓа на тренинг…
-
Светпред 11 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Светпред 23 часа
Видал во свој стил: Тој е идиот, изгледа…
-
ВТАпред 23 часа
Ѓорческа ќе игра полуфинале во двојки на турнирот во Словенија