Англија
Синот на Фергусон не дозволи историја за семејството Јанг и ги разлути неутралните фудбалски фанови (Фото)
Англиските медиуми во изминатите два дена на големо ја најавуваа историјата која требаше да се случи во ФА Купот, па иако се беше резервирано за такво нешто, на крајот Дарен Фергусон се погрижи да предизивка огромно разочарување во семејството Јанг, но и меѓу неутралните фудбалски фанови.
Синот на легендарниот Сер Алекс Фергусон го води нисколигашот Питерброу и во изминатите 12 часа е предмет на сериозни критики од искрените фанови, а причина за тоа е неговата одлука да не го стави во игра Тајлер Јанг.
Тајлер и неговиот возрасен и далеку попознат родител Ешли вчера требаше да станат првиот татко и син кои заиграле еден против друг во долгата 154-годишна историја на ФА Купот, но ако поранешниот играч на Манчестер Јунајтед се најде на теренот, 18-годишниот талент не доби шанса од својот менаџер.
Ешли Јанг влезе во игра во второто полувреме како резервист за Евертон, па иако за очекување беше тоа да се случи и со Тајлер, Дарен Фергусон не дозволи да се испише една убава и симпатична историја во најстарото фудбалско натпреварување.
– Огорчен сум, – беше кратката порака која ја испрати Ешли Јанг преку социјалните мрежи, откако претходно со денови наназад велеше дека ќе биде исполнување на сонот да заигра против својот наследник.
Дарен по крајот на натпреварот кој неговиот тим го загуби со 2:0 се обиде да објасни дека го барал само најдоброто за својата екипа, но ова негово образложение дополнително ги налути фановите кои жестоко го критикуваат на социјалните мрежи.
GUTTED……
— Ashley Young (@youngy18) January 10, 2025
It’s quite ironic how Darren Ferguson literally has a career in football because of his Dad yet denied Ashley Young the chance to share the field with his son Tyler. pic.twitter.com/8sOzneQwQC
— 天蝎座 (@UtdEIIis) January 9, 2025
Why didn’t Darren Ferguson let Ashley Young’s son come on for the last couple of minutes when they went two nil down? pic.twitter.com/T6HavhIsyf
— The Secret Accountant (@TheSecretAcct) January 9, 2025
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Балкан19 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија