Италија
Синот на Буфон добил повик за настап во репрезентацијата на Чешка

Постариот син на Џиџи Буфон добил прв повик за настап во фудбалска репрезентација, но интересно тоа е селекцијата на Чешка, а не на Италија.
17-годишниот Луис Томас Буфон е играч за врска и настапува во редовите на Пиза, а сега ќе го има првиот предизвик како дел од една репрезентација.
Буфон јуниор има право за настап за Чешка поради потеклото на својата мајка Алена Шередова, чешкиот топ модел и партнерка на легендарниот голман се до нивниот развод во 2014 година.
Луис Томас досега нема сениорски настап, но постигнал 4 гола на 18 натпревари за Примавера тимот на Пиза.
Интересно е што Буфон во моментов извршува директорска функција во италијанската сениорска репрезентација и сигурно сака да го види својот син во дресот на „азурите“, но позитивно за него е што до одреден период фудбалерите можат да ја променат репрезентацијата за која настапуваат.
-
Свет13 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија7 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија22 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Италија12 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет11 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)