Англија
Синоним за лојалност во модерниот фудбал: Варди одбил луда понуда за да му помогне на Лестер во Чемпионшип!

Модерниот фудбал се поретко ни носи случаеви во кој еден играч останува лојален на клубот кој го изградил како фудбалер, но таков исклучок дефинитивно е Џејми Варди кој едноставно не заборава од каде почна и до каде стигна како член на „лисиците“.
Поранешниот англиски репрезентативец за жал не можеше да го спречи испаѓањето на Лестер во Втората лига, но негова цел е брзо да се врати со тимот во Премиер лигата и да му помогне во Чемпиошип.
„Лисиците“ веќе го ангажираа Енцо Мареска од Манчестер Сити за новата сезона и му ја доделија менаџерската улога, па иако изминативе неколку дена постолена сериозна можност тој да остане без главниот играч, Варди сепак одолеал на милионите од Саудиска Арабија.
Според информациите на угледниот „Скај Спортс“, Варди одбил луда понуда од Калеј и без размислување им одговорил со „НЕ“, бидејќи смета дека има недовршена работа во Лестер.
Искусниот 36-годишен напаѓач во секој случај е синоним за лојалност во модерниот фудбал, бидејќи најпрво не го следеше примерот на Канте и Марез кои си заминаа по освоената историска титула во Премиер лигата, а сега ги одби и арапските милиони за да му помогне на клубот кога е во тешка ситуација.
BREAKING! Leicester striker Jamie Vardy has turned down an approach from Saudi Arabian side Khaleej FC. pic.twitter.com/R8bdrs1xYs
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 29, 2023
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 21 час
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 22 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 22 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Шпанијапред 17 часа
Симеоне посочи дека тактиката на Анчелоти му помогнала да го неутрализира Белингам