Поврзете се со нас

Англија

Синоним за ледена крв: Вилијан е непогрешлив во Премиер лигата од белата точка (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FulhamFC

Фулам ја доби драмата на „Кревин Котиџ“ против Вулверхемптон и успеа да слави со 3:2, но овој натпревар беше одбележан од трите пенали кои беа досудени.

Главниот арбитар Салисбјури три пати покажуваше на белата точка, но оној последниот пенал го одлучи победникот, бидејќи Вилијан уште еднаш покажа дека е непогрешлив од белата точка.

Вилијан единствениот пенал во кариерата го промаши како член на Шахтјор во далечната 2012-та година, а оттогаш нема утнато ниту еден удар од 11 метри, односно има стопроцентен ефект од „десет од десет“.

Бразилецот седум пати беше прецизен како играч на Челси, еднаш погоди кога се врати во родниот Бразил, додека вечерва двапати беше прецизен реализатор во победата над „волците“.

Вилијан на овој начин го продолжи стопроцентниот ефект на изведени пенали во Премиер лигата, што само покажува дека има ледена крв кога испраќа удар од белата точка.

Во победата од 3:2, во листата на стрелците за Фулам се запиша и Ивоби, додека за „волците“ погодија Куња и Хванг Хи Чан од пенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни