Поврзете се со нас

Свет

Сините картони немаат иднина, ИФАБ ќе дозволи тестирање на „син бин“ правилото

Објавено

на

Интернационалната фудбалска асоцијација ИФАБ нема да дозволи употреба на сини картони, но нема да го спречи тестирањето на „син бин“ правилото, кое подразбира привремена суспензија на фудбалерите во стилот на ракометот и хокејот.

ИФАБ е тело задолжено за тестирање и промена на фудбалските правила, а последните информации велат дека неговите членови решиле дека нема потреба од воведување дополнителен картон.

Викендов се одржува состанок на ИФАБ на кое ќе бидат разгледани последните предлози, а најавите се дека дури и со имплементација на „син бин“ правилото, нема да има потреба од картон во сина боја.

ИФАБ ќе дозволи тестирање на новото правило, но досега веќе се појави отпор посебно истакнат од премиерлигашките менаџери, кои сметаат дека нема потреба од дополнителен притисок врз судиите и предизвикување конфузија кај навивачите.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ќе биде присутен на седницата на ИФАБ, а асоцијацијата ќе ги слушне и ставовите на Светската фудбалска федерација пред да ги соопшти одлуките и заклучоците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни