Поврзете се со нас

Франција

Синхронизација на ниво: Рекламното пано ја збогати мајсторијата на Меси (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси игра далеку подобро во втората сезона како член на ПСЖ и тоа е евидентно за сите фудбалски фанови, кои изминатиов викенд видоа уште една негова мајсторија од слободен удар.

ПСЖ ја победи Ница со 2:1 и остана на првото место на табелата во Лига 1, триумф кој беше најавен со гол на Аргентинецот во првото полувреме.

Меси го стаписа Каспер Шмајхел и испрати извонреден удар од прекин, но неговиот гол стана вирален хит и поради променетата содржина на рекламното пано, токму во моментот кога шутира.

Синхронизацијата не можеше да биде подобра за страствените фудаблски фанови на Лео Меси кои сметаат дека тој е најдобар на сите времиња, бидејќи во моментот кога шутираше, на рекламното пано се појави „GOAT“ (најголем на сите времиња).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни