Поврзете се со нас

Свет

Синфин и Димитриевски остварија важна победа со која се близу до сигурен опстанок

Објавено

на

Шпанскиот клуб Синфин оствари многу важна победа на гостувањето кај Цисне (30:31) и веројатно веќе избори опстанок во елитното друштво.

Нашиот интернационалец Дарко Димитриевски денеска постигнал еден гол во триумфот на Синфин, а најефикасни во неговиот тим биле Остроушко со 8 и Ереро Лон со 6 голови.

Домаќините на полувреме имале минимална предност (18:17), но Синфин успеа да направи пресврт и стигна до посакуваната победа.

Со овој триумф, Синфин има 22 бодови, или четири бодови повеќе од Морацо Кангас кој е на последната позиција која води во втората лига.

До крајот на првенството има уште две кола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни