Поврзете се со нас

АТП

Синер заигра моќно и обезбеди осминафинале на Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Првиот светски рекет, Јаник Синер избори место во осминафиналето на Вимблдон и тоа откако вечерва без проблеми се справи со Миомир Кецмановиќ.

Јаник во претходните две рунди губеше сетови против Беретини и Хафман, но денеска не остави простор за такво нешто и со 6:1, 6:4, 6:2 се пласираше во наредната фаза по нешто повеќе од еден ипол час игра на централниот терен во Лондон.

Најнеизвесно беше во вториот сет во кој Италијанецот клучниот брејк го направи во деветтиот гејм по што дојде до 5-4 и потоа отсервира за славје во таа рунда.

За место во четвртфиналето ќе се бори со подобриот од Шаповалов-Шелтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни