Поврзете се со нас

АТП

Синер загуби сет, но закажа италијанско дерби во второто коло на Вимблдон

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Wimbledon

Германецот Јаник Ханфман одигра одличен трет сет и успеа да го продолжи мечот од првото коло на Вимблдон против Јаник Синер, но тоа не беше доволно да го шокира првиот носител на овој грен-слем турнир.

Италијанецот ги доби првите два сета со 6:3 и 6:4, но Ханфман се разигра во третиот сет и заслужено го доби истиот со 6:3, со што изнуди четврти сет по затворањето на покривот на теренот во Лондон.

Во истиот, Синер направи еден брејк во четвртиот гејм и тоа беше доволно да го заокружи мечот со победа од 3:1 во сетови и веќе да размислува за следниот противник.

Јаник ќе има тежок испит во второто коло, бидејќи за противник ќе го има сонародникот Матео Беретини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни