Поврзете се со нас

АТП

Синер за својот најголем „допинг критичар“: Може да зборува што сака (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Јаник Синер без нималку проблеми ја мина втората рунда на Ју-Ес Опен и прескокна уште една пречка во Њујорк, турнир на кој светскиот рекет број еден пристигна во средина на голем тениски скандал.

Италијанецот не доби суспензија од АТП и покрај два позитивни допинг теста на Индијан Велс, па иако се открија добри докази од одбраната на Јаник, голем дел тенисери му свртеа грб на колегата и побараа да добие двегодишна суспензија.

Убедливо најгласен и Ник Кирјос кој пред два дена порача дека веќе нема да биде љубезен кон Италијанецот, а бидејќи Австралиецот има улога на коментатор и спикер на Ју-Ес Опен, постои можност двајцата да се сретнат на средина на теренот.

По победата над Микелсен со 3:0, Јаник јасно стави до знаење дека не планира да му одговара на Кирјос за низата прозивки, бидејќи себеси се смета за човек кој остава работите да минат во тишина.

– Не сакам да одговорам на тоа што го кажа. Секој е слободен да каже што сака, јас сум во ред со тоа. Ако дојде до интервју, ќе биде поразлично….

– Јас сум мирен и релаксиран, јас сум некој кој брзо заборава некои работи. Како што реков, секој е слободен да каже се што сака, – изјави Синер.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни