Поврзете се со нас

АТП

Синер тргна катастрофално, но заврши фуриозно за четвртфинале на Ролан Гарос

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Јаник Синер тргна навистина лошо на мечот против Корентан Муте и изгледаше очајно по речиси еден час игра, бидејќи Италијанецот го загуб првиот сет со 6:2, а го почна вториот со загубен брејк.

Во тој момент изгледаше дека Муте е на добар пат да направи сензација воден од домашната публика во Париз, но Синер набрзо го презентираше лицето кое го покажа и во финалето на Аустралијан Опен.

Младиот Италијанец се разбуди навреме и пронајде рецепт за играта на домашниот тенисер, па во продолжение за неполни два часа ја заврши работата и со пресврт се пласираше во четвртфиналето.

Синер ги доби наредните три сета со 6:3, 6:2 и 6:1 и покажа завидно ниво во последните два часа, а со тоа си ја зголеми самодовербата пред најголемиот тест кој ќе го има на овогодинешниот Ролан Гарос.

Јаник во четвртфиналето ќе игра против Григор Димитров, Бугаринот кој денеска за првпат во кариерата се пласираше меѓу најдобрите осум на грен слемот во Париз (го победи Хуркач со 3:0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни