Поврзете се со нас

АТП

Синер со тениски деликатес ги „запали“ Италијанците во Торино (Видео)

Објавено

на

Јаник Синер е на чекор од полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино, бидејќи по втората победа во својата група, сега само чудо може да го остави без место меѓу четирите најдобри.

Позитивниот скор од 4:0 во сетови дефинитивно ќе му оди во прилог пред третиот меч во групата, а фактот што игра со огромна самодоверба се очекува да биде и голем проблем за Данил Медведев.

Пред да дојде до дуел со Русинот, Синер вечерва го надигра Тејлор Фриц во реприза на финалето од Ју-Ес Опен, славејќи на Американецот со идентичен и докажан рецепт.

Синер правеше брејкови во десеттиот гејм од двата сета и на идентичен начин му ги одзема сервисите на ривалот, па така со 6:4 и 6:4 ја доби битката во Торино.

Покрај стандардно добрата игра, Синер вечерва понуди и еден тениски деликатес, по кој побара уште погласна поддршка од таа која ја добива од трибините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни