Поврзете се со нас

АТП

Синер со победа го прослави првото место на АТП листата

Објавено

на

foto: x.com/rolandgarros

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер е првиот полуфиналист на Ролан Гарос и тоа откако попладнево лесно се спрати со искусниот Григор Димитров.

Синер ја потврди одличната форма, ритам и дојде до 12. триумф во низа на големата сцена во 2024 година. Две ипол часа траеше битката меѓу Италијанецот и Бугаринот која заврши со 6-2, 6-4, 7-6(3).

Ова за Јаник е најдобар резултат во Париз во кариерата, а за да го надмине истиот ќе треба да го надигра подобриот од битката меѓу Карлос Алкарас и Стефанос Циципас, меч закажан за вечерва.

Воедно овој триумф на Италијанецот значеше и прославата на првото место на АТП листата на кое официјално ќе биде од 10 јуни. Со откажувањето на Новак Ѓоковиќ (мораше да се повлече поради повреда) се создадоа услови и тој ќе стане прв рекет од неговата земја кој успеал да дојде до позицијата број еден на тениското рангирање или севкупно 29 тенисер кој почувствувал како е да се биде на врвот.

Официјално: Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни