Поврзете се со нас

АТП

Синер со магија ја потврди победата во осминафиналето на Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Јаник Синер го крена нивото на игра и игра се подобро и подобро на Вимблдон каде во првите две кола загуби по еден сет против Хафман и Беретини за да потоа лесно го суреди Кецмановиќ, а пак денеска рутински се справи со Бен Селтон кој е на 14. позиција на АТП листата.

Италијанецот славеше со 6:2, 6:4, 7:6(9) со тоа што во завршниот сет кој беше и најинтересен изведе магија која ќе влезе во конкуренција за најдобрите, најтатрактивните поени на турнирот.

Шелтон одлично ја врати топката по сервисот на противникот, ама потоа следуваше уште подобра реакција од Јаник кој низ нозе го врати топчето кај Американецот кој ова не го очекуваше, едвај стигна да одговори по што следуваше рутински удар на фаворитот за потврда на поенот.

Во следното коло го очекува пресметка со подобриот од натпреварот Григор Димитров-Данил Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни