Поврзете се со нас

АТП

Синер со лекција за Медведев до трето финале во Мајами

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MiamiOpen

Јаник Синер загуби само три гејма во дуелот со Данил Медведев и не дозволи неизвесно полуфинале какво што очекуваа тениските фанови во пресрет на нивната пресметка на Мастерсот во Мајами.

Првото полуфинале траеше само 71 минута, а Синер ги доби двата сета со 6:1 и 6:2, што е потврда за неговата доминација против рускиот ривал.

Италијанецот останува прв фаворит за освојување на турнирот на Флорида, а со евентуална победа во финалето, ќе го преземе и второто место на АТП ранкингот од Карлос Алкарас.

За Синер ова е трет настап во финалето во Мајами и ќе се обиде да стигне до втор Мастерс трофеј, по тој во Торонто минатата година.

Во второто полуфинале ќе играат Зверев и Димитров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни