АТП
Синер со џентлменски одговор на изјавата на Ѓоковиќ: Тоа е нормално

Јаник Синер утре ќе се бори трофејот на Аустралијан Опен, а за противник ќе го има Александер Зверев кој пак ќе добие уште една шанса за прв грен-слем пехар во кариерата.
Италијанскиот тенисер овојпат нема да се соочи со Новак Ѓоковиќ, кој поради повреда не го доврши полуфиналето, а на прес-конференцијата не наседнал на провокативните прашања на новинарите и џентлменски застанал во одбрана на српскиот ривал.
Ѓоковиќ по предаденото полуфинале истакна дека ќе навива за Зверев во финалето, но на Синер не му пречи таквиот став.
– Новак ќе навива за Зверев во финалето? Тоа не ми е проблем, тие се големи пријатели и тоа е нормално, – рекол Италијанецот, кој го коментирал и повлекувањето на Ѓоковиќ.
– Не го гледав првото полуфинале и подоцна дознав што се случило. Такви работи се случуваат, а штом Новак решил да се повлече, тогаш сигурно имал сериозен проблем. Во минатото победуваше и со повреди и секогаш го давал максимумот на теренот. Му посакувам брзо заздравување, – рекол коректниот Синер.
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција24 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…