Поврзете се со нас

АТП

Синер си резервираше осминафинале, ветеранот Монфис го шокираше Фриц во Мелбурн

Објавено

на

Фото: https://x.com/AustralianOpen

Јаник Синер ја оправда фаворитската улога во дуелот со Маркос Џирон и со победа без загубен сет, обезбеди место во осминафиналето на Аустралијан Опен.

Италијанецот за два часа излезе на крај со американскиот ривал, а доволен му беше по еден брејк за да ги добие првите два сета, за да биде најубедлив во третиот сет.

Со по еден брејк, Синер го доби првиот сет со 6:3, во вториот дојде до 6:4, а победата ја заокружи со 6:2 во третиот сет.

Првиот носител во Мелбурн допрва ќе го дознае името на следниот противник, а тоа ќе биде победникот од мечот меѓу Руне и Кецмановиќ.

На останатите мечеви, ветеранот Монфис го изненади Фриц, победувајќи го со 3:1 во сетови, додека изненадувањето Тиен продолжува во следната рунда откако по Медведев, денеска успеа да го победи и Муте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни