Поврзете се со нас

АТП

Синер: Си подарив нов автомобил, но не е Ферари или Ламборгини

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Јаник Синер на стартот на 2024-та година е најдобар тенисер во светот и веќе освои две важни титули, од кои сепак се издвојуваа онаа која ја стекна на тенискиот грен слем во Австралија.

Италијанецот првпат во кариерата освои грен слем и отвори едно убаво поглавје кое се надева дека ќе го збогати со уште неколку важни трофеи, но и покрај големата слава, 22-годишниот Јаник се обидува да остане цврсто на земја и да не лета во облаци.

Синер навистина скромно ја прослави победата над Данил Медведев во Мелбурн и истото важеше и за триумфот над Де Минор во финалето во Ротердам, па говорејќи за своите последни успеси, Јаник откри дека си допуштил остварување на само едно задоволство.

И покрај огромната заработка, Синер вели дека е навистина штедлив и не се расфрла со пари, а покрај примерот кој го даде за пастата која ја нарачува во ресторан, откри дека си купил и нов автомобил.

– Пред да купам нешто, секогаш ја гледам цената. Ги ценам парите и кога одам во ресторан ја гледам цената на пастите. Ако пастата со месо чини многу повеќе од пасатата со сос од патлиџани, ја бирам оваа втората. Не го правам тоа затоа што сум скржав, туку затоа што ги ценам парите. Единствениот подарок кој си го допуштив во последно време е автомобилот кој го купив. Си купив Алфа Ромео и навистина е убав, но не е Ферари, Ламборгини или Масерати, – вели Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни