Поврзете се со нас

АТП

Синер се закануваше, но Надал избори осминафинале во Рим

Објавено

на

Рафаел Надал избори место во осминафиналето на АТП Мастерсот во Рим, денеска победувајќи го домашниот претставник Јаник Синер.

Иако 18-годишниот Италијанец веќе докажа дека поседува голем потенцијал, не успеа да го изненади големиот фаворит, на кого му беше повеќе од рамноправен противник во двата одиграни сета.

Во првиот сет имаше дури пет брејкови, по два на двете страни се до резултат 6:5, кога Шпанецот го направи и третиот и успеа да поведе.

Вториот сет го донесе првиот брејк во третиот гејм и тоа во корист на Синер, но Надал подоцна направи мини серија и од 2:4 стигна до 6:4 за конечна победа.

Следен противник на Надал во Риме ќе биде Денис Шаповалов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни