Поврзете се со нас

АТП

Синер се зацврсти на врвот, Ѓоковиќ падна уште две позиции на АТП листата

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Јаник Синер дојде до втората грен слем титула во кариерата и тоа на Ју-Ес Опен во Њујорк, резултат кој му овозможи да се зацврсти на првото место на АТП листата.

Сега Италијанецот е на врвот со 11180 поени или 4.105 повеќе во однос на сега второпласираниот Александер Зверев. Германецот имаше скок од две позиции, односно сега е пред Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ кој се лизна две места и сега е четврти рекет на планетава.

Во првата десетка има место уште за Медведев, Рубљов, Фриц, Хуркач, Руд и Димитров.

Кога се во прашање пак македонските асови, Калин Ивановски е 712, Горазд Србљак пак 1116 на ранкингот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни