Поврзете се со нас

АТП

Синер: Сакам да играм под притисок

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Првиот светски рекет, Јаник Синер обезбеди место во четвртфиналето на последниот грен слем за 2024 година „Ју-Ес Опен“.

Синер славеше над домашниот тенисер Томи Пол со 3-0 во сетови во дуел во кој првите два сета беа одлучени во тај-брејк ( 7-3 и 7-5) за да потоа Американецот се распадне и со 6-1 биде затворена оваа битка.

-Тежок меч. Почетокот не беше добар, но се обидов психички да останам во првиот сет. Два сета можеа да отидат во друг правец, па јас сум многу среќен како сè испадна, -рече Италијанецот и додаде:

-Ми се допаѓа кога сум под притисок. Имаше ситуации порано кога губев тај-брејк, но се трудам да учам од тие ситуации. Доаѓам од скијање и немате право на грешка, инаку трката е завршена. Сепак, во тенисот е малку поинаку, -порача Синер кој за место во полуфиналето ќе мора да го совлада Данил Медведев од кого губи во меѓусебните пресметки со 7-5.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни