АТП
Синер: Разочаран сум од одлуката на ВАДА
Јаник Синер рано утрово го играше својот меч од второто коло во Пекинг, а додека тој се соочуваше со потешкотии на теренот, во јавноста главна вест стана соопштението од ВАДА.
Светската антидопинг агенција објави дека поднела жалба за одлуката за италијанскиот тенисер и побара двегодишна суспензија поради користење допинг, па оваа афера сега добива нова епизода и ќе мора да биде „чешлана“ и од страна највисокиот суд.
Судот за спортска арбитража во Лозана сега ќе го има последниот збор и ќе пресуди дали Синер ќе заработи суспензија, или пак ќе остане на првичната одлука од тениското тело ИТИА кој пресуди во корист на Италијанецот.
Синер денеска направи пресврт и победи против Сафиулин со 2:1 во сетови, а по мечот не можеше да ги избегне прашањата за новата епизода во неговата допинг афера.
– Не можеме да контролираме се што се случува околу нас. Јасно е дека сум многу разочаран од одлулката на ВАДА и изненаден сум од нивната жалба. Да бидам искрен, имав три сослушувања и сите три завршија позитивно за мене. Не очекував ваков развој. Неколку дена знаев дека од ВАДА ќе се жалат и дека денеска ќе биде официјално објавено, така да бев подготвен за нови реакции, – изјави Синер.
-
Свет13 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет5 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации15 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Италија14 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации10 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Јамал се огласи и испрати порака по повредата која ја заработи против Данска