Поврзете се со нас

АТП

Синер позираше со трофејот во Мелбурн и даде искрена изјава за споредбите со Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер го оствари најголемиот успех во досегашната кариера и ја освои првата грен слем титула, а бидејќи стана најмлад шампион во Мелбурн после Новак Ѓоковиќ во 2008-ма година, Италијанецот брзо почна да добива прашања и за доминацијата на светскиот рекет број еден.

Токму Синер му го нанесе првиот пораз на Ноле на Аустралијан Опен после 33 победи во низа, за вчера да биде подобар и од Данил Медведев над кого славеше со неверојатен пресврт со 3:2 во сетови.

Со трофејот во своите раце, Синер позираше во Кралската ботаничка градина во Мелбурн и во таа прилика дал неколку изјави за присутните новинари, кои го запрашале дали негова цел ќе биде да го брка нестварниот рекорд на Ноле кој има 10 титули на грен слемот во Австралија.

– Искрено, не размислувам да го бркам Ѓоковиќ и неговите 10 титули. Тој е друга димензија и друга лига за мене. Едноставно сум среќен што го имам трофејот во моите раце за оваа година, ќе видиме што ќе донесе иднината. Имам уште многу работа пред себе, но ќе гледам да уживам во процесот. Иднината ќе каже што ќе успеам да остварам во тенисот.

– Облеан сум со емоции после тоа што се случи вчера и го остварив најголемиот успех во кариерата. Емотивните моменти ги споделив со мојот тим и ова е најверојатно најдоброто чувство во мојот живот, – изјавил Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни