Поврзете се со нас

АТП

Синер покажа класа и со говорот по финалето: Би сакал сите да го имаат тоа што јас го имав како дете (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер во своето 17-то учество на грен слем турнирите дојде до првата титула на турнирит од големата четворка, а тоа го направи на сензационален начин и со неверојатен кам-бек во големото финале.

Младиот Италијанец беше во подредена улога во првите два сета и Данил Медведев доминираше со ударите од основната линија, но од моментот кога Јаник успеа да го пронајде својот прв сервис, работите драстично се променија на „Род Лејвер арена“.

Синер покажа неверојатен карактер за своја возраст и во првото грен слем финале направи пресврт и славеше со 3:2, но што е уште поважно, беше крајно дисциплиниран и воспитан за време на прославата и во секој момент покажуваше почит кон својот ривал.

Јаник издоминира и со говорот пред присутните во Мелбурн, бидејќи првите зборови му беа за Данил Медведев, а обраќањето го заврши со коментар за своите родители.

– Пред се, зборови за Данил. Сакам да ти честитам тебе и на твојот тим за неверојатниот турнир кој го имавте. Заедно одигравме веќе неколку финалиња од крајот на минатата сезона и на секој меч правеше да бидам подобар. Ти ме правиш подобар играч. Беше извонреден на овој турнир, помина неверојатен број на часови на теренот и се надевам дека во иднината ќе го освоиш овој трофеј. Сигурен сум дека можеш во тоа, ти посакувам се најдобро до крајот на сезоната, – изјави Синер.

– За крај, би сакал да нагласам едно нешто за моите родители. Би сакал сите да имаат родители како моите, би сакал сите да го имаат тоа што јас го имав. Од најрана возраст ми дозволија да бирам што сакам да бидам, никогаш не ми правеа притисок за мојата иднина. Би сакал таа слобода да ја имаат сите мали деца во светот. Затоа, посебна благодарност до моите родители. Тоа е тоа од мојот говор, не знам повеќе што би кажал. Се гледаме догодина, – изјави симпатичниот Италијанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни