АТП
Синер подобар од Медведев, Швјонтек остана без полуфинале во Њујорк
Јаник Синер обезбеди место во полуфиналето на Ју Ес Опен и тоа со победа над големиот ривал Данил Медведев.
Дуелот меѓу двајцата грен-слем победници предизвика посебно внимание, а првите два сета донесоа контрастен резултат, односно 6:2 за Синер во првиот и 6:1 за Медведев во вториот сет.
Сепак, Италијанецот го засили темпото во продолжение и ги доби наредните сетови со 6:1 и 6:4 и на тој начин останува во битка за нова титула на најпрестижните турнири.
Ваквиот епилог подразбира полуфинален дуел на Синер со најдобриот британски тенисер во моментов, Џек Дрејпер, но дефинитивно и нов победник на Ју Ес Опен.
Покрај учесниците во ова полуфинале, трофеј во Њујорк немаат ниту Американците Фриц и Тиафо, кои ќе играат во второто полуфинале, а воопшто немаат ниту грен-слем титула.
Женскиот дел од турнирот остана без првиот светски рекет Ига Швјонтек, која утринава загуби од Џесика Пегула во два сета. Во полуфиналето Пегула ќе се соочи со Мучова, додека Сабаленка за противничка ќе ја има Наваро.
-
Лига на шампионипред 10 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 23 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 11 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 22 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 9 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Шпанијапред 12 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Англијапред 21 час
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 21 час
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……