Поврзете се со нас

АТП

Синер отпушти двајца блиски соработници поради допинг скандалот

Објавено

на

foto:twitter.com/janniksin

Јаник Синер помина добро со одлуката за неговите позитивни допинг тестови, иако начинот на кој е водена целата процедура предизвика многу негативни реакции, а самиот скандал ќе има сериозно влијание врз угледот на тенисерот.

Неколку дена откако во јавност излегоа деталите поврзани со одлуката на комисијата која го водела случајот, Синер реши да ја заврши соработката со, според него најголемите виновници за скандалот.

Пред почетокот на Ју-Ес Опен, Синер ги отпуштил физиотерапевтот Џакомо Налди и кондицискиот тренер Умберто Ферара, при што првиот е посочен како главен виновник за контаминирањето на тениската ѕвезда со забранетата супстанца клостебол.

– Сакам да потенцирам дека имаат важен удел во мојата кариера, соработувавме одлично и заедно стигнавме до неверојатни успеси.

– Но, сега, поради овие грешки не се чувствувам пријатно да ја продолжиме соработката. Имав многу проблеми последните месеци и сега ми треба свеж воздух. Изминатите месеци продолжив да играм, затоа што знаев дека не сум направил ништо погрешно. Секој што ме знае е сигурен дека не би направил ништо против правилата, – изјавил Синер.

Светскиот рекет број еден ќе го започне настапот на Ју-Ес Опен со дуел против Американецот Мекензи МекДоналд.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни