Поврзете се со нас

АТП

Синер откри што направил со трофејот од Аустралијан Опен и ги воодушеви своите тениски фанови

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер бележи стратосферски раст во последната пола година и полека се претвора во играч кој е во убедливо најдобра форма на АТП турот, нешто што го потврди со две освоени титули на стартот на 2024-та година.

По големото славје во Мелбурн и првата освоена грен слем титула, Италијанецот се закити со трофеј и на турнирот во Ротердам, па така стигна до бројката од 12 големи титули во кариерата.

Последните добри изданија го искачија Синер на третото место на АТП листата и пред него се само Ѓоковиќ и Алкарас, но ако продолжи со исто темпо, има зошто да се надева на првото место.

И покрај извонредните резултати, Синер цврсто стои на земја и не ги доживува успесите со премногу емоции, а најдобар доказ за тоа е изјавата која ја даде поврзана за освоениот трофеј во Мелбурн.

– Дали го бакнав трофејот од Мелбурн за добра ноќ по победата над Медведев? Не, трофејот остана кај мојот агент. Гледав некои филмови пред да легнам и така заспав…….

– Размислував за победата за време на летот кон Италија, имав 20 часа за тоа. Најмногу размислува за тоа како можам да се подобрам. Се прашував зошто губев со 2:0 во сетови, зошто не реагирав порано. Прилично сум мирен и така ги доживувам сите работи, но тоа не значи дека не уживав во моментот и освоениот трофеј, – гласи изјавата на Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни