Поврзете се со нас

АТП

Синер недопирлив за Руд, завршниот чин во Торино носи реприза на финалето од Ју-Ес Опен

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Завршниот чин во Торино утре ќе донесе реприза на големото финале кое пред неколку месеци го гледавме на Ју-Ес Опен, односно нова директна пресметка меѓу Јаник Синер и Тејлор Фриц.

Американецот порано денеска преку драма го совлада Александер Зверев и потврди дека е „црна мачка“ за Германецот во 2024-та година, но во обидот да стигне до титулата ќе ја има најтешката пречка во оваа календарска сезона.

Синер продолжи да брилјира и по трите победи во групната фаза стигна до нов триумф, но овој беше убедливо најсигурен на завршниот Мастерс.

Домашната публика не можеше да ужива во голем тениски спектакл, но затоа остана импресионирана од нивото на тенис кое го понуди миленикот Синер.

Јаник не му даде никаква шанса на Руд и го декласираше со 6:1 и 6:2 во полуфиналето, па сега си закажа нова финална пресметка против Фриц.

Светскиот рекет број еден славеше во Њујорк со 3:0, го победи и пред неколку дена во групната фаза, па Тејлор дефинитивно има мотиви за реванш пред утрешното финале.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни