Поврзете се со нас

АТП

Синер му одржа тениска лекција на Зверев и покажа зошто е број еден во светот

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Јаник Синер продолжи да реди победи на највисока тениска сцена и денеска стигна до својата трета грен слем титула во кариерата, втора на Аустралијан Опен каде годинава ја бранеше титулата.

Светскиот рекет број еден во финалето со Александер Зверев покажа зошто е најдобар тенисер во овој момент, бидејќи во сите три сета кои ги одигра со Германецот, не му препушти ниту една брејк топка на ривалот.

Синер беше доминантен од почеток до крај и во ниту еден момент не се поколеба во победата, па на крајот повеќе од заслужено по вторпат во кариерата се радува на трофејот во Мелбурн.

Италијанецот направи еден брејк во првиот сет кој му припадна со 6:3, во вториот беше најнеизвесно и се играше тајбрејк, но кога беше најважно, Синер освои три поени во низа и славеше со 7:4.

Тоа му даде елан и самодоверба пред третиот сет, во кој повторно направи еден брејк, кој беше доволен за победа од 6:3 и заверка на титулата.

На овој начин, Синер го продолжува својот стратосферски раст на најголемата тениска сцена, додека Саша Зверев ќе мора да почека на првата грен слем титула, во која денеска се надеваше и Новак Ѓоковиќ.

Србинот откри дека ќе навива за Зверев во големото финале, но денеска и тој мораше да гледа како неговиот пријател го губи третото грен слем финале во кариерата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни