Поврзете се со нас

АТП

Синер мораше да прави пресврт за да се пласира во осминафиналето во Мајами

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Јаник Синер беше принуден да прави пресврт и мораше да има и пауза поради лошите временски услови во Мајами, но на крајот успеа во намерата да го скрши отпорот на Талон Грикспор и успеа да се избори за победа.

Италијанецот имаше тешка задача и цели два сета не го играше својот најдобар тенис, но клучно за него беше тоа што го доби вториот сет, по што имаше прошетка во одлучувачкиот.

Холанѓанецот Грикспор ги загуби сите претходни пресметки со Јаник и беше цврсто решен да му нанесе прв пораз, но иако беше блиску до тоа, сепак мораше да се помири со нов неуспех.

Талон играше на врвно ниво и поведе со 7:5 во првиот сет, а откако мечот беше прекинат при 3:3 во вториот, мораше да се чека повеќе од еден час за тенисерите да се вратат на теренот.

По кам-бекот, Синер успеа да направи брејк во 12-от гејм и возврати со 7:5, а во решавачкиот сет славеше со 6:1 за пласман во осминафиналето во Мајами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни