Поврзете се со нас

АТП

Синер: Ми исчезна насмевката од лицето…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Јаник Синер уште еднаш потврди дека е најдобар тенисер во светот во оваа календарска година и тоа со триумфот над играчот со најмногу грен слем трофеи Новак Ѓоковиќ.

Синер во финалето на Мастерсот во Шангај славеше со 2-0 во сетови со  7-6(4), 6-3 и со тоа само продолжи да ја зголемува својата колекција со трофеи во 2024 година. Меѓутоа тие резултати се еден дел од приказната, но оној другиот со се уште актуелната тема за допинг, суспензија го мачи Италијанецот и му ја има тргнато насмевката од лицето.

-Оваа година насмевката ми исчезна од лицето поради проблеми надвор од теренот и понекогаш ми се враќа во глава, но повторно се трудам да уживам што повеќе. Се трудам да останам смирен и да не создавам проблеми ако промашам неколку удари или ако работите тргнат на лошо. Се трудам да останам со најдобрата енергија. Се трудам да контролирам што повеќе, психички и физички. За останатото, треба да имате верба и да останете смирени во важните моменти.

-Луѓето мислат дека ако си успешен и победуваш, немаш проблеми, но тоа не е точно. Посакувам да не сум во оваа ситуација, да можам да играм послободно и повеќе да се забавувам. Сепак, морам да го прифатам, да не размислувам за тоа и да се концентрирам на она што го правам.

-Понекогаш размислувам за тоа и не е добро, но научив и дека успехот нема да ме промени како личност или како играч. На следниот турнир можам да одам до крај или да загубам во првото коло, но тоа нема да ме промени. Затоа сум среќен за луѓето околу мене, тие знаат кој сум јас. Знам на кого да верувам и тоа е многу важно. Се што постигнувам на теренот е дополнување, -рече Јаник и посочи што направи поинаку сезоната за да забележи толку голем напредок.

-Сменив некои работи. Физички чувствувам дека можам да играм подолго на највисоко можно ниво. Дури и психички сум подготвен да прифатам секоја ситуација на теренот, што е најголемо подобрување. Се трудам да се подобрувам секој ден, без разлика дали имам добра или лоша недела. Пробувам нови работи, во најлош случај разбирам што функционира, а што не. Тоа имаше најголемо влијание оваа година и се надевам дека ќе ми помогне и следната година, -заклучи првиот светски рекет.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни