АТП
Синер ќе пропушти важни турнири, може да го испушти и првото место на АТП ранкингот

Јаник Синер ќе паузира од тениските терени до почетокот на мај, а тоа значи дека поради одлуката на Светската анти-допинг агенција ќе пропушти неколку важни турнири и ќе загуби доста поени.
Италијанецот ја прифатил спогодбата според која доби тримесечна суспензија за двата позитивни допинг тестови минатата година, а тоа значи дека нема да биде дел од претстојниот турнир во Доха, каде беше пријавен за учество.
Покрај турнирот во Катар, Синер во март ќе ги пропушти Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, а на вториот требаше да го брани трофејот освоен минатата година.
Јаник во април нема да биде во ждребот за Мастерсите во Монте Карло и Мадрид, а нема да биде меѓу учесниците и на турнирот во Минхен од АТП 500 серијата.
Италијанецот ќе го темпира својот камбек за турнир на домашен терен, односно Мастерсот во Рим кој ќе се одржи од 7 до 18. мај.
Сето ова подразбира губење многу поени на АТП ранкингот, бидејќи Синер брани многу од минатата година.
Во моментов комотната предност во однос на Александер Зверев и Карлос Алкарас може целосно да се истопи ако и неговите ривали постигнат посакувани резултати на претстојните турнири до мај.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 19 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)