Поврзете се со нас

АТП

Синер: Ќе беше поинаку ако…

Објавено

на

foto: x.com/janniksin

Јаник Синер не успеа да ја одбрани титулата на турнирот во Пекинг или поточно падна на последниот испит против Карлос Алкарас кој по една голема битка која траеше околу три ипол часа славеше со 2-1 во сетови.

Во завршната рунда одново решавачки беше тај-брејкот во кој Јаник тргна фуриозно, поведе со 3-0, меѓутоа и тука застана затоа што противникот ги доби наредните седум поени и се израдува на пехарот во кинеската престолнина.

-И тоа се случува. Водев со 3:0, добро сервирав, но топката ја погоди мрежата. Ако стигнев до 4:0, ќе беше поинаку. Нема потреба да се зборува за одредени поени. Мислам дека одигра многу добро на 3:0 и 3:1, а потоа одлично сервираше на 3:2. Во последно време освоив многу тај-брејкови, но овој го загубив, -рече Синер кој сега губи со 6-4 во меѓусебните пресметки со Шпанецот.

-Тешко е да се каже. Секој натпревар има свој момент. Тешко е да се рангира. Сигурно во Топ 3 или во Топ 5. Конечниот тај-брејк е секогаш тежок. Веќе сме имале дуели во минатото, иако сме многу млади. Некогаш победуваш, некогаш губиш. Тоа е спорт, има подеми и падови. Мојата сезона е многу конзистентна. Шангај ми е многу важен бидејќи само по втор пат играм, не сум успеал да се пласирам во финалето. Ќе се обидам да се сконцентрирам и позитивно да ја завршам сезоната, -додаде првиот светски рекет.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни