Поврзете се со нас

АТП

Синер ја заборава допинг аферата со финале на Ју-Ес Опен: Познат и ривалот во завршната епизода во Њуорк (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Јаник Синер покажа завидна стабилност на ментален план во изминатите две недели и покажа дека знае да се справи и со огромниот притисок во јавноста, нешто што беше неизбежно откако пристигна во Њујорк во средина на допинг скандал.

Двата позитивни допинг теста во месец март не донесоа казна за светскиот рекет број еден поради добро образложение и доставени докази од неговата одбрана, а иако имаше многумина кои се противеа на негово играње во Њујорк, Италијанецот сега стигна до самиот крај.

Јаник полека ја заборава допинг аферата и во недела ќе се бори за втора грен слем титула во својата кариера, бидејќи утрово успеа да го победи својот добар пријател Џек Дрејпер со максимални 3:0.

Британецот беше конкурентен во првите два сета и тоа особено важеше за вториот кој го загуби во тајбрејкот (7:5 и 7:6), но потоа стана јасно дека Синер има „автопат“ до финалето и со конечни 6:2 ја заврши работата во своја корист.

Синер сега има голема шанса да го остави цел допинг скандал со освоен трофеј на Флешинг Медоус, но за да се случи тоа, ќе игра против Тејлор Фриц, но и против публиката на „Артур Еш“.

Фриц го доби извонредниот американски дуел против Френсис Тиафо со 3:2 во сетови, по што стана првиот Американец кој ќе игра финале во Њујорк по пауза од 18 години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни