Поврзете се со нас

АТП

Синер испиша историја со драматичната победа над Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Јаник Синер вчера повторно го потврди својот голем тениски потенцијал и ја одведе Италија во финалето на Дејвис купот.

Најдобриот италијански тенисер успеа да одбрани три меч топки во сингл дуелот со Новак Ѓоковиќ и да го победи светскиот рекет број еден, а потоа во игра на двојки заедно со Сонего повторно беше поуспешен од веќе големиот ривал за вкупна победа од 2:1 во дуелот со Србија.

Синер заслужено заработи многу комплименти за настапот, но и присебноста и концентрираноста во решавачките моменти на сингл мечот, а статистиката дава уште поголема вредност на неговата победа.

Италијанецот стана прв тенисер во историјата кој успеал да го победи Ѓоковиќ во ситуација кога српскиот тенисер имал три меч топки на своја сметка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни