Поврзете се со нас

АТП

Синер и Руне го одиграа најдобриот поен на турнирот, Италијанецот обезбеди билет за четвртфиналето (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Најдобриот светски тенисер и воедно прв носител на Австралија Опен, Јаник Синер успешно ја мина и четвртата пречка на грен слемот во Мелбурн.

Италијанецот за ривал го имаше незгодниот Холгер Руне кој е на 13. место на АТП листата, па му требаа три часа за да дојде до конечно славје од 6:3, 3:6, 6:3, 6:2.

По еден брејк беа забележани во првите три сета, додека во четвртиот Синер двапати му го одзема сервисот на противникот за конечна победа и место во најдобрите осум каде ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката Алекс Микелсен-Алекс Де Минор.

Воедно Јаник и Холгер го одиграа поенот на досегашниот дел од турнирот, фантастична размена во третиот период која на крајот му припадна на италијанскиот рекет.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни