Поврзете се со нас

АТП

Синер и Циципас без загубен сет до осминафиналето на Аустралијан Опен

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер и Стефанос Циципас обезбедија осминафинале на Аустралијан Опен без загубен сет на мечевите кои ги играа утринава во Мелбурн.

Италијанскиот и грчкиот тенисер на сличен начин ги откажаа своите противници, останувајќи на теренот околу два часа, па сега ќе се подготвуваат за следната рунда во која ќе играат најдобрите шеснаесет тенисери на годинешниот прв грен-слем турнир.

Синер почна со сет во кој противникот Себастијан Баез не освои ниту еден гејм, со што јасно му стави на знаење дека сака брзо да ја заврши работата, а следните два сета ги доби со 6:1 и 6:3 за убедливи 3:0.

Циципас за противник го имаше Холанѓанецот Лука ван Аш, а по 6:3 во првиот сет, во вториот не загуби гејм, за мечот да го затвори со 6:4 во третиот сет.

Противник во следната рунда ќе му биде Американецот Тејлор Фриц, кој утринава го победи Марошан со 3:1 во сетови.

Синер пак ќе се подготвува за Русинот Хачанов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни